En | Mk
  • Почетна
  • За нас
  • Наши услуги
    • 3Д мапирање и визуелни ефекти
    • Веб дизајн и Социјални медиуми
    • Промосмарт
    • Digital signage solutions
  • Контакт
Promosmart
Promosmart
'
Орифлеим
Орифлеим
'
MojМаркетинг Промосмарт
MojМаркетинг Промосмарт
'
Каракузо
Каракузо
'
Харибо
Харибо
'
Монца
Монца
'
Здравје радово

PROMOSMART

По многу години поминати во смислување и спроведување на промоции од секаков можен вид, тимот на My Marketing дојде до идеја да изработи нешто сосема ново и досега невидено.

PROMOSMART, како што кажува името, е паметен начин за промоција, иновација креирана од нашиот тим и нашето долгогодишно искуство во внатрешното и надворешното промовирање во соработка со Електро - Машински факултет од Скопје.

PROMOSMART е првиот патентиран подвижен промотивен пулт не само во Македонија туку и во Европа. Неговата појава е впечатлива сама по себе, тој е лесен за брендирање, LED осветлен, се монтира за помалку од 1 минута и најбитно, тој е мобилен и се управува со далечински управувач на домет до 1000м. Се работи за промотивен пулт и промотер во едно, пулт на кој не треба да му пријдете туку тој самиот може да ве изненади, да се доближи до потрошувачот каде и да е: во маркет, на улица, на градските плоштади, во трговските центри, на поголеми настани или било каде, со буквално неограничени можности за надворешно и внатрешно рекламирање.

Првата работа која сакавме да ја направиме беше да создадеме промотивен пулт кој ќе привлече внимание и ќе побуди заинтересираност. Токму затоа PROMOSMART може да се брендира целосно од сите четири страни, осветлен е со стотици LED диоди кои можат да се програмираат во било која нијанса, односно во конкретната боја согласно брендот или производот кој го презентира. А кога сме кај производите, најважно од сé е дека на него може да се стават кој било тип на производи до 30кг за потрошувачот само да пружи рака и да си земе.

Замената за промотер е надополнета и со опцијата за звук каде PROMOSMART може и да им се обрати на потрошувачите. За уште поголема впечатливост, постои и можност за додавање на дополнителен модул кој PROMOSMART го трансформира во подвижна тотем реклама во висина од 140см.

Можностите се бесконечни...
My Digital World © 2017-2021. Развиено од My Marketing